17 Мај, 2024
0.0272

Во април потрошувачките кредити стагнираат, годишно пораснале за над 12 отсто

Објавено во: Економија 21 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Вкупните депозити, во април, се непроменети во споредба со претходниот месец, при намалување на депозитите на корпоративниот сектoр, а истовремен раст на депозитите на секторот „домаќинства”. На годишна основа, вкупните депозити бележат зголемување за 6,3 отсто, при раст на депозитите кај двата сектора, поизразен кај секторот „домаќинства“, соопшти Народната банка.

Кај вкупните кредити, во април, е остварен месечен раст од 0,2 отсто, којшто при пад на кредитирањето на „домаќинствата“, во целост е резултат на повисокото кредитирање на корпоративниот сектор. Анализирано на годишна основа, растот на кредитите изнесува 5,5 отсто и е под влијание на зголеменото кредитирање на банките на двата сектора, со повисок придонес на секторот „домаќинства“. 

„Доколку се земе предвид ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со регулаторните промени според одлуката на Народната банка, кај вкупните кредити во април е забележан раст од 6,9 проценти на годишно ниво, стои во соопштението.

Кога станува збор за фирмите во април депозитите се намалени за 2,2 проценти, а кредитите на фирмите се зголемени за 0,6 отсто.

За граѓаните пак, депозитите на физичките лица се зголемени за 0,6 проценти, а кредитите за домаќинства се зголемени за 0,1 процент или на годишно ниво за 9,4 проценти.

Во април, од аспект на намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките кредити, како една од најзастапените категории, се непроменети на месечна основа, додека на годишна основа се повисоки за 12,1 проценти. Овој месец, кај станбените кредити, е забележан месечен раст од 0,4 проценти и годишен раст од  13,6 проценти. Кај автомобилските кредити, втор месец по ред е остварен месечен и годишен пад, додека кредитите одобрени на кредитни картички се намалени за 2,1% и 6,3%, на месечно и годишно ниво, соодветно. 

Овој месец, негативните салда на тековните сметки, забележаа месечен и годишен пад од 6,8 проценти и 5,6 отсто. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА