15 Мај, 2024
0.0290

Во банка само ако ги одложувате кредитните рати повторно: Почнаа да стасуваат известувањата

Објавено во: Економија 16 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Банките почнаа да испраќаат лични известувања до нивните клиенти за ново одложување на кредитните рати. На граѓаните им се испраќаат деталите околу опцијата повторно да го пролонгираат плаќањето на нивните кредити. Самите известувања на личните мејл адреси предизвикуваат забуна кај дел од клиентите. Овој пат, за разлика од минатиот кога ако лицето немаше да се обрати во банката тоа значеше дека се согласил ратите да влезат во мораториум, сега е комплетно обратно. Граѓаните кои не исполнуваат услови и кои не можат да бараат ново одлжување односно ќе ги враќаат кредитите не треба да одат во банка. Останатите, тие кои сметаат дека се погодени од кризата и исполнуваат услови апликацијата може да ја поднесат и електронски во дел од банките, но доказите дека спаѓаат во групата на кои треба да им е овозможено ново одложување сепак ќе мора да ги обезбедат.

Според досегашните информации повеќето банки ќе овозможат одложување на плаќањето на кредитните обврски за период до 6 месеци, а најдоцна до 31 март следната година. Ќе можат да се одложат кредитите, долговите на кредитните картички, и дозволено пречекорување на трансакциските сметки. Генерално можност за повторен мораториум ќе добијат клиентите кои се засегнати од последиците од пандемијата предизвикана од Covid-19 вирусот, без разлика на тоа дали веќе користат одложување на плаќањето или таквата можност би ја користеле по прв пат.

Условите за одложување се генерално исти кај сите банки. Ако клиентот ја изгубил работа за тоа ќе треба да достави потврда. Друг услов за пролонгирање е намалување на платат за најмалку 10 отсто и во овој случај ќе треба да се обезбеди потврда за тоа. Третиот е клиентот д аимал високи трошоици за лекување или последици поради болест предизвикана од Ковид-19.

Оние пак кои не исполнуваат ниту еден услов веќе од следниот месец продолжуваат со редовна отплата на кредитите ако своите обврски ги одложиле пред шест месеци кога опцијата беше овозможена прв пат. Дел од банките веќе испраќаат и известувања за тоа.

Од Македонската банкарска асоцијација веќе информираа дека граѓаните кои имаат потреба од втор период на одложена отплата на кредитните обврски треба да пристапат до својат абанка и да го побарат тоа. 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

МАКЕДОНИЈА СО НУЛТА ТОЛЕРАНЦИЈА ЗА КОРУПЦИЈАТА, РАСТ НА БДП НАД ПЕТ ОТСТО, СИЛНА НАЦИЈА - моќни пораки од Самитот на Македонија 2025

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

СЕ КРЧКА КРИВИЧНА ТРУЖБА ПРОТИВ БОИНГ?! - го прекрши договорот за безбедност, ќе се разгледаат сите испади

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно

НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЧКАТА НА НАФТА - ОПЕК тврди дека во 2024 година на светот ќе му требаа 2,2 милиони барели дневно