19 Мај, 2024
0.0281

Во Белгија градат канализација, по која ќе тече пиво

Објавено во: Стил 23 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Голема пиварница од Бриж, западна Белгија, се согласи со властите за изградба на подземна канализација за доставување на пиво до инсталации за негово флаширање надвор од центарот на градот.

Генералниот директор на пиварницата Ксавиер Ване рекол дека новата подземна канализација со должина 3 километри треба да помине под постоечката канализација на градот, која е наречена Венеција на Северот и е во листата на светското културно и природно наследство на УНЕСКО од 2000 година, објави Франс прес.

Годишно околу 4 милиони литри пиво ќе бидат дистрибуирани по подземната канализација од пиварницата во средновековниот центар на Бриж до индустриската зона, каде пијалокот ќе биде филтриран, флаширан и складиран, пред да се упати на пазарот.

Во моментов околу 500 камион годишно минуваат по улиците во стариот дел на градот со готски згради, за да бидат натоварени со пиво. Новата канализација треба да овозможи да се намали за 85 отсто бројот на тешки камиони во градот.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“