Добивај вести на Viber
На порталот на мрежата на Европската унија за наоѓање работа, Еурес, регистрирани се голем број непополнети работни места и покрај 25,75 милиони невработени.
Понудени се 725.795 слободни работни места додека во исто време без работа се 10,6 отсто од вкупниот број жители на ЕУ.
Според 10-годишните прогнози на тој портал, бројот на работни места за кои е потребно ниско ниво на образование ќе се намали до 2020 година за 20 отсто.
Се очекува да продолжи зголемената побарувачка за лекари, медицински сестри и негователки, експерти за информациски технологии и инженери.