Во Грција на училиште на 11 мај
Објавено во: Балкан 27 Април, 2020
Раководството на Министерството за образование донесе одлука да се започне отворањето на училиштата во Грција од 11 мај. Се очекува отворањето да биде делумно и засновано на мерки на заштита, како што е по еден ученик на една клупа и слично.
Ќе има најмалку една недела продолжување на учебната година при што државните матури ќе се полагаат околу 20 јуни.
Основните училишта најверојатно ќе работат секој ден кон крајот на мај, иако има големи несогласувања околу тоа, особено кај докторите.
Сепак, спроведувањето на мерки како што е еден ученик на една клупа, употреба на дезинфекциски средства и слично се очекува да биде лесно спроведливо.
Ќе има и посебна програма за враќањето на наставниците во училиштата.