Во Грција пак се тресе, земјотресот почуствуван и во јужна Македонија
Објавено во: Балкан 19 Ноември, 2016
Тлото во Грција не мирува и вчера е регистриран нов земјотрес. Вчера 23 минути по полноќ со епицентар во соседна Грција изменерени се 5 степени според Рихеровата скала од страна на Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Епицентарот бил 23 километри јужно од Стар Дојран, а бил почувствуван во јужните делови на Македонија, односно во Гевгелија, Струмица и Валандово. Исто така почувствуван е и во Бугарија. Нема информации за евентуални штети или повредени граѓани.