ВО ЌЕЛИЈАТА НА ИГОР ЈУГ НЕМАЛО МОБИЛЕН: Kој ги напиша заканите за Груевски?
Објавено во: Македонија 24 Септември, 2017
Во келијата на Игор Југ не е пронајден мобилен телефон, потврди за ТВ 24 директорот на затворот во Шуто Оризари, Александар Наумовски. Денеска биле извршени претреси и се испитува дали Југ ги испратил заканите до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од зад решетки и дали некој го снабдил со мобилен телефон. Во исто време, настанот го испитуваат Обвинителството и полицијата.
Се утврдува дали можеби некој друг ги пуштил заканите во име на Југ од неговиот фејсбук профил. Игор Југ доцна синоќа му порача на Груевски дека ги чека своите 5 минути за да му врати оти ги наместил него и останатите за крвавото сценарио.
„Фала што не намести на 27-ми , фала што не нарече насилници...Сега нека ти трчаат Бетмен и бандата ако и они не ти избегаат како директорчињата и раководителите што ги доведе од СДС, ЛДП и СП. А јас ќе ти вратам, барем пет минути да го вкусиш она што ти мене ми го направи и на сите други што не предаде. Тепав луѓе ти да бидеш претседател на партијата во Охрид 2003-та. Ти текнува??? Така ли враќаш Николче?“, стоеше на профилот.
Пораката осамна од неговиот профил Владо Георгиев Черноземски, а набрзо профилот беше избришан од ФБ базата.