27 Април, 2024
0.0253

Во колку земји може да се патува со македонски пасош?

Објавено во: Стил 26 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Факт е дека секој сака да патува. Но, се зависи од можностите кои ви го дозволуваат тоа но и условите кои треба да ги исполните за да патувате во одредена земја.

Американската консултантска фирма „Henley & Partners“ го рангираше македонскиот пасош на  46-та позиција од 199 места.

Тоа значи дека без виза со „црвениот пасош“ може да патувате во вкупно 107 земји.

Како е во соседството

За разлика од нас, грчкиот пасош е рангиран на 7 место, Словенскиот на 11, Бугарскиот пасош е на 18 место, Хрватска го зазема 22, Србија 43.

Додека пак, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Турција и Албанија се рангирани зад нас.

Сепак за да патувате во Велика Британија, Канада, САД, Јужна Кореја, Јапонија ќе ви треба виза.

На првото место на листата на „Henley&Partners“ е Германија, а по неа следат Велика Британија, Финска, Шведска и САД. На последните места на оваа табела, пак, се пасошите на Сирија, Пакистан, Сомалија, Ирак и Авганистан.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти