Во Кондово имало престрелка со пиштол
Објавено во: Македонија 23 Мај, 2017
Во 18 часот и 30 минути во селото Кондово, скопско, пред угостителски објект, Б.К. додека управувал возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле и М.К. и Н.М., биле пресретнати од пет лица со кои порано имале нерасчистени односи.
Едниот од нив извадил пиштол и почнал да пука кон нивното возило, по што сите избегале во различни правци. Повредени за среќа нема, а на местото на настанот биле пронајдени три испукани чаури и еден проектил кој завршил во возилото. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.