Во Македонија ќе се регулира работењето од дома, но во 2021
Објавено во: Економија 20 Септември, 2020
Во Македонија ќе се регулира законски работењето од дома, но дури во 2021, најави Јагода Шахпаска, министерката за труд и социјална политика, на денешната прес-конференција.
Тоа ќе биде регулирано со сосема новиот закон за работни односи кој се очекува да биде донесен следната година, вети денеска новата министерка.
На законското решение му било потребно време, затоа што ќе биде донесен по широка, сеопфатна дебата со сите засегнати страни. Во него јасно ќе бидат дефинирани сезонската работа, синдикалното организирање и работата од далечина која се наметна како нов тренд со пандемијата од Ковид 19.
– Веќе во среда ја закажав првата седница на работната група која работела на измените на Законот во мандатот на претходните министри и започнуваме да работиме на овој закон, рече денеска Шахпаска..