ВО НАЈАВА Е НОВА ФИНАНСИСКА КРИЗА: Ова се очекува до август
Објавено во: Економија 01 Август, 2017
Аналитичарите сметаат дека има проблеми на берзата кои можат да доведат до финансиска криза.
Растот на инвестиции и вложувања на Волтстрит доведоа до тоа американската берза да се пробуди.
Но, според аналитичарите ова крие длабоки проблеми на берзата.
Во четвртокот имаше ненадеен пад на американските акции.
Забележани се и ниски нивоа на готовина кај клиентите, поради што се смета дека берзата се движи кон максимумот.
За да берзата го достигне врвот, доларскиот индекс во август треба да падне на 90.
Ако ова се случи, американската економија ќе биде во криза, а тоа ќе се одрази на целиот свет.