Во недела повеќе нема да може да се дополнува „Скопска“
Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2023
Сите билетарници на ЈСП во недела повеќе нема да работат.
Ова соопштение доаѓа од претпријатието и значи дека во недела нема да можете да вршите дополнување на електронските картички „Скопска“ во некое од речиси 100 продажни места од секундарната дистрибутивна продажна мрежа на ЈСП Скопје (маркети и трафики).
„Ве информираме дека од претстојниов викенд, недела ќе биде неработен ден за сите билетарници, односно нема да има дежурни продажни места на ЈСП Скопје“, соопштија од ЈСП.