05 Мај, 2024
0.0247

ВО НЛБ БАНКА СЕ ЧУВААТ ДУРИ 1,34 МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ГРАЃАНИТЕ И ФИРМИТЕ - банката во првото полугодие има и одличен профит од 18,4 милиони евра

Објавено во: Финансии 30 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Во периодот од 01.01.2021 до 30.06.2021 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2021-та година, прилагодувајќи го работењето на изменетите пазарни услови поради пролонгираната пандемија од КОВИД-19, која донесе бројни ограничувања во домашната и меѓународната економија, иако во вториот квартал од годината беа направени делумни олабавувања на рестриктивните мерките. Во такви услови, целта на Банката, како една од водечките финансиски институции, е да ја зачува високата ликвидност и солвентност, да го задржи континуитетот и квалитетот на услугите кои ги нуди и да обезбеди финансиска поддршка на клиентите.

И во првата половина од 2021 година, Банката продолжи да остварува позитивни резултати преку реализација на низа активности поврзани со зголемување и подобрување на понудата за клиентите со продукти и платни сервиси. Во овој период, Банката се насочи кон имплементација на стратешките иницијативи во инвестиции во дигитализација и нови технологии, со цел пренасочување на клиентите кон дигиталните канали како поедноставни, поевтини и побезбедни начини на извршување на банкарските трансакции.

Вкупните депозити (депозити на комитенти и депозити на банки) изнесуваат 82.442.214 илјади денари (1,34 милијарди евра - н.з) и во однос на 31.12.2020 година се зголемени за 2.662.375 2 илјади денари или за 3,3 отсто. Зголемувањето на депозитите се должи на нови клиенти од сегментот домаќинства кои се приматели на пензии, плата и други видови примања, нови клиенти кои ги користат физичките и електронските платни сервиси на Банката и нови клиенти од сегментот нефинансиски правни лица, како и на зголемувањето на приливот на средства на сметките на постојните клиенти во домашна и странска валута.

Нето каматните приходи, заклучно со 30.06.2021 година се пониски за 0,3 отсто споредено со истиот период претходната година, при што приходите од камати се пониски за 2,9 отсто, главно поради пониски каматни приходи од секторите нефинансиски правни лица и население, додека расходите по камати се пониски за 20,4 отсто, главно поради пониски каматни стапки и преструктурирање на изворите во корист на средства по видување.

Нето приходите од провизии се повисоки за 15,4 отсто споредено со истиот период претходната година, при што приходите од провизии се зголемени за 24,5 отсто како резултат од зголемени приходи од ПОС терминали, повисоки приходи од услуги во платен промет во земјата и повисоки приходи од трансакциски сметки. Расходите за провизии се зголемени за 40,9 отсто, главно поради повисоки расходи за картично работење и повисоки расходи за кеш центар.

Останатите некаматни приходи изнесуваат 672.737 илјади денари и се повеќекратно зголемени во однос на истиот период претходната година, главно поради остварени повисоки наплати на претходно отпишани побарувања кај нефинансиски правни лица и население како и поради зголемени приходи од курсни разлики. Вкупните приходи од работење изнесуваат 2.714.368 илјади МКД и се повисоки за 24,1 отсто во однос на истиот период претходната година.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 1.022.316 илјади денари и се зголемени за 9,6 отсто, при што трошоците за вработени се повисоки за 4,5 отсто, трошоците за амортизација се повисоки за 13,5 отсто останатите расходи од дејност се повисоки за 14,0 отсто во однос на истиот период претходната година.

Заклучно со 30.06.2021, беа издвоени Исправки на вредноста на финансиските средства и вонбилансна изложеност, на нето основа во износ од 435.358 илјади МКД или 4,1 отсто помалку во однос на истиот период претходната година соодветно на структурата и квалитетот на кредитната изложеност. Исправките на вредност на нефинансиски средства изнесуваат 1.472 илјади МКД.

Бруто добивката на Банката заклучно со 30.06.2021 година изнесува 1.255.222 илјади денари и е зголемена за 60,2 отсто во однос на истиот период претходна година.

Нето добивката на Банката заклучно со 30.06.2021 година изнесува 1.129.700 илјади денари (18,4 милиони евра) и е зголемена за 60,2 отсто во однос на истиот период претходна година.

Во првата половина од 2021 година НЛБ Банка нема извршено исплата на дивиденда, во согласност со одлуката на НБРСМ од февруари 2021 година.

Можеби ќе ве интересира

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот