Во оваа земја многу од барателите на азил се товарат за кражби и закани
Објавено во: Свет 26 Јули, 2017
Илјада триста и деведесет кандидати за азил во Финска се товарат за различни криминални дела во првите шест месеци од 2017 година, информира финската полиција.
Најчести криминални дела се кражби и закани. Во првата половина од оваа година во Финска пристигнале 2.500 кандидати за азил, илјада помалку од истиот период лани.
Неделно во Финска има меѓу 30 и 100 баратели на азил, најмногу од Сирија, Ирак, Еритреја и Авганистан, наведува полицијата.
Од почетокот на годината се депортирани 2.100 луѓе на кои не им била одобрена молбата за азил.
Околу 10.000 мигранти очекуваат одлука на финските власти дали ќе добијат право на азил.