19 Мај, 2024
0.0283

Во Париз одбележани 92 години од смртта на д-р. Анастас Коцарев-голем македонски онколог и научник

Објавено во: Македонија 26 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Денеска (26.03.2023), во француската престолнина Париз, претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев, градоначалникот на Охрид д-р. Кирил Пецаков, претставници од македонските заедници од Франција и Швајцарија како и високи претставници на градската власт од Париз на чело со градоначалникот на општина Бонди, Стефан Ерве ја одбележаа 133 годишнината од раѓањето и 92 годишнината од смртта на големиот македонски онколог и научник д-р. Анастас Коцарев.

Анастас Коцарев по потекло од старо охридско семејство, е македонски деец и лекар онколог. Медицинскиот факултет го завршил на Женевскиот универзитет каде што работи и како асистент на универзитетската клиника. Својата кариера ја продолжува во Париз каде продолжува со истражувањата на Академијата за медицина во Сорбона, Париз. Таму тој продолжува да работи на проблемот на дијагностицирање и лекување на ракот со примена на радиум заедно во соработка во Марија Кири-Склодовска која во тоа време била професор и директор на лабараторијата за радиум на Универзитетот во Сорбона. Бил еден од пионерите на радиотерапијата,  но и на радиографијата. Коцарев е прв во светот кој направил рендографија на фотографска плоча на пациент заболен од рак. Умира во Париз на 28 март 1931 година под неразјаснети околности.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“