27 Април, 2024
0.0298

Во поплавените подрачја поделена добиточна храна

Објавено во: Агробизнис 22 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Агенцијата за храна и ветеринарство за да им помогне на сточарите од поплавените подрачја како Арачиново, Брњарци, Црешево, Инџиково, Смилковци, Стајковци, Сингелиќ, Страчинци и Виниче им подели околу 15.000 килограми концентрат.

Од донираниот концентрат 231 вреќа или 11.650 килограми, наменети се за исхрана на говедата и поделени се на сточарите врз основа на бројот на преживеани грла кои ги евидентирале при контролата извршена на терен, стручни тимови од Агенцијата за храна и ветеринарство и од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

За исхрана на овци и кози во поплавените региони, преку Агенцијата за храна и ветеринарство од донации од правни лица, досега се собрани и на сточарите им се доставени над 3.150 килограми концентрат. До крајот на минатата недела на одгледувачите на свињи, донирани се 26 вреќи односно 2.200 килограми концентрат. Акцијата за обезбедување на донации во добиточна храна наменета за сточарите од поплавените региони и нејзино распоредување до сточарите Агенцијата за храна и ветеринарство ја реализира во соработка со стручни лица од Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади