27 Април, 2024
0.0352

Во поплавените подрачја родот уништен стопроцентно

Објавено во: Агробизнис 12 Август, 2016

Добивај вести на Viber

На нивите зафатени од невремето во саботата има 100 процентно оштетување на родот.

Комисии на Министерството за земјоделство за проценка на штетите од поплавите во скопско и тетовско веќе работат на терен. Од нив 7 се во скопскиот и 4 во тетовскиот регион веќе вршат проценки за штети на земјоделските површини и добитокот. Ако дозволуваат временските услови, тие ќе работат и за време на викендите.

Земјоделците можат и самостојно да поднесат барање за проценка во подрачната единица на Министерството. Обештетувањето на земјоделците ќе се реализира преку Платежната агенција. Според земјоделскиот регистер во скопскиот регион од кој дел беше погоден со невремето, со оваа дејност вкупно се занимаваат повеќе од 2.000 евидентирани земјоделци кои одгледуваат 5.000 глави крупен и ситен добиток. Сите земјоделски површини без разлика дали се евидентирани во нашиот регистар или не, ќе бидат обештени, изјави вчера министерот за земјоделство, Михаил Цветков.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади