26 Април, 2024
0.0271

ВО ПРОГНОЗИТЕ Е И МАКЕДОНИЈА: Сепак на Балканот ќе има прекројување на граници?

Објавено во: Балкан 19 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Весникот „Економист“ од Лондон пишува дека ако Србија и Косово се договорат да разменуваат територии, тој процес на Балканот не би можел да биде запрен и би имал големи последици. Весникот пишува дека токму поради тоа би требало да се намали значењето на националните граници.

„Тука се Србите кои живеат во Косово и во БиХ, каде имаат сопствена република, Албанците и Бошњаците (муслимани) кои живеат во Србија и Грците во Албанија“- наведува весникот.

Весникот потсетува дека во 1923 година Грција и Турција договориле размена на територии со што околу два милиони луѓе се раселени. Во анализата се потенцира дека тоа било насилно преселување, но двете земји оттогаш не војувале.

Лидерите за време на војната во Југославија сметале дека етничкото чистење е најдобар начин за создавање на нови нации-држави без проблематични малцинства, пишува весникот.

„До 1995 година подрачјата на кои историски живееја Срби во Хрватска останаа празни, а стотици илјади Срби, Хрвати и Бошњаци на сличен начин беа иселени од своите домови во Босна“- додава весникот.

Голем број Срби во 1999 година го напуштија Косово, а околу 120 илјади остана да живеат таму, па поради тоа српските власти сега сакаат да разговараат за размена на делови со Косово.

„Економист“ оценува дека доколку започнат разговори за прекројување на границите на Косово и Србија, тоа би можело да влијае врз балканските заедници.

Во таков случај, според лондонскиот весник, лидерите на босанските Срби би организирале референдум за иднината на Република Српска, Хрватите би поднеле тужба, а Бошњаците би се бореле да спречат распад на нивната земја.

Во меѓувреме Албанците во западна Македонија и во Црна Гора ќе бараат да се приклучат кон Голема Албанија, оценува весникот. 

Можеби ќе ве интересира

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице