Во САД е прогласена вонредна состојба
Објавено во: Свет 13 Март, 2020
Во САД е прогласена вонредна состојба.
Претседателот Доналд Трамп денеска објави дека прогласува вонредна состојба поради пандемијата на коронавирус, а Вашингтон се бори да го забави ширењето на епидемијата.
Трамп рече дека ќе се обезбедат 50 милијарди американски долари за државните и локалните власти.
Тој вели дека му дава на министерот за здравство Алекс Азар вонредна власт да ги занемари сојузните регулативи и закони за да им се даде на лекарите и болниците „флексибилност“ во лекувањето на пациентите.