17 Мај, 2024
0.0332

Во што е „слатката тајна“ на скопска „Европа“? Профитот надмина 1 милион евра!

Објавено во: Економија 24 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Приходите од продажба на „Европа“ пораснале за 8 отсто и достигнале 9,2 милиони евра. Компанијата ја зголемува продажбата дома, но и извозот од кој инкасира 5,4 милиони евра што е 10 отсто повеќе од лани. Залихата вреди 873.000 евра,  а оперативните расходи се 8,6 милиони евра.  Оперативната добивка е повеќе од 1,12 милиони евра, а нето добивката надмина 1 милион евра што е за 80 отсто подобро од лани. Очигледно „Европа“ е пример за тоа како може да се искористи бенефит од „корона кризата“

Најстарата македонска кондиторска индустрија  „Европа“ од Скопје силно ги зарадува своите акционери. Во „корона време“ компанијата успеа да ги зголеми своите приходи од продажба дома и од извоз и оствари профит од еден милион евра за девет месеци. Тоа значи дека скопската кондиторска индустрија за првите девет месеци правела просечен месечен профит од 111.000 евра.

Финансиските извештаи покажуваат дека за првите девет месеци вкупните приходи од продажба на „Европа“ изнесуваат 9,2 милиони евра што е за 8 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Во структурата на приходи доминира извозот. Од продажба на странски пазари „Европа“ за девет месеци инкасира 5,4 милиони евра и тоа е за 10 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Домашниот пазар учествува со 3,8 милиони евра. Тоа е за 6 отсто повеќе од истиот период лани. Со оглед на бројната конкуренција на нашиот пазар (особено со српските производи кои од добиваат извозни стимулации н.з.) резултатот на „Европа“ е за почит. Вредноста на залихите на крај на септември изнесува 873.000 евра и тоа е за 91 отсто повеќе од септември лани.

Вкупните оперативни расходи на друштвото растат паралелно со растот на приходите. Тие се повисоки за 8 отсто во споредба со лани и изнесуваат 8,6 милиони евра. Ова води кон заклучок дека „Европа“ во „корона услови“ го зголемила своето производство, а ги зголемува и залихите за претстојниот период. Тоа укажува дека менаџментот на компанијата има нови договори со клиенти или има зголемен обем на нарачки со постоечки клиенти.

Најголема расходната ставка се купувањето на суровини и други материјали за што се потрошени  4,8 милиони евра што во однос на лани е зголемување за 16 отсто. Особено за истакнување е тоа што „Европа“ во овие вонредни услови значајно ги зголемила трошоците за своите вработени. Тие достигнале 2 милиони евра и се за 19 отсто повисоки од истиот период лани.

Многу е позитивно во вакво деловно опкружување тоа што компанијата има многу ниски финансиски расходи во споредба со свои конкуренти на домашниот пазар. Дополнително е уште поважно тоа што финансиските расходи се само половина од финанасиските приходи и тоа не може да влијае негативно на добивката на друштвото. Финансиските расходи за првите девет месеци изнесуваат 33.000 евра.

Добивката на „Европа“ за девет месеци надмина 1 милион евра и тоа е за 80 отсто подобар резултат од истиот период лани.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА