Во Србија од утре влез без услови
Објавено во: Македонија 02 Мај, 2022
Од утре престануваат да важат сите мерки за контрола и ограничувања за влез на лица во Србија, во врска со заразната болест Ковид-19, како за странските, така и за домашните државјани, соопшти српската влада.
-Од полноќ, српските државјани, како и страските државјани, при влез во Србија нема да бидат обврзани да имаат негативен ПЦР тест, брз антигенски тест, доказ за прележано заболување или потврда за вакцинација, без разлика од која земја доаѓаат во Република Србија, се наведува во соопштението.
Одлуката се заснова на моменталната епидемиолошка состојба во Србија и е во согласност со одлуките на повеќето земји во Европа и регионот. Надлежните институции од час во час продолжуваат да го следат развојот на епидемиолошката состојба во Србија и навремено ќе ја информираат јавноста, додаваат од таму.