ВО СРЦЕТО НА ЕВРОПА: Сакале да нападнат со експлозив и да детонираат автомобил бомба
Објавено во: Свет 27 Септември, 2018
Полицијата во Холандија спречила „голем терористички напад“ за време на голем собир во државата. Седум луѓе се уапсени под сомнение дека планирале напад со автоматско оружје и со појаси со експлозиви.
Тие планирале да нападнат и да детонираат автомобил бомба на друго место.
Тројца од осомничените се уапсени претходно, откако се обиделе да се зачленат во екстремистичка организација во странство. Лидерот на групата, е Ирачанин на возраст од 34 години кој лани е осуден дека патувал во странство за да влезе во редовите на ИД.
Осомничените сакале да купат автоматски пушки, пиштоли, рачни бомби, појаси со експлозиви и материјали за автомобил бомби.