Во Тетовско ќе се степале гласач и член на избирачки одбор
Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2017
Од листата на помали инциденти кои ги регистрира МВР стигнува информација за обид за физичка пресметка помеѓу гласач и член на избирачки одбор на гласачкото место 2052 во село Горно Седларце, тетовско.
Лицето И.М. (71) дошол да гласа и откако ја приложил личната карта, С.С. (34), член на избирачкиот одбор, поради нарушени меѓусебни односи, му ја фрлил личната карта, по што И.М. физички го нападнал. За инцидентот била известена полицијата, а И.М. бил приведен, известија од МВР.