28 Април, 2024
0.0270

Во Велес се одржува Форум за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД Програмата

Објавено во: Мои пари 22 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Во Велес се одржува вториот ден од дводневниот форум на кој претставниците од Телото за управување со ИПАРД фондовите, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството ќе разговараат за мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ и советодавната улога на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството.

Самиот Форум се организира во склоп на едукативната кампања на ИПАРД Програмата. Како дел од истата претставниците од Телото за управување со ИПАРД фондовите од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој до сега ги информираа граѓаните во Сопиште, Петровец, Берово, Пехчево, Дојран, Негорци, Белчишта и Охрид на посебни инфо денови. Инфо деновите од Кампањата за Публицитет на ИПАРД 2014-2020 ќе продолжат и оваа недела, и тоа:

-  на 25. октомври 2019 година во 11.00 часот во ресторан Галија во Калиште и во 15.00 часот во салата на општина Вевчани.

Моментално за ИПАРД Програмата се искористени 19 милиони евра, оваа година се очекува да се искористат дополнителни 8,7 милиони евра. Една од најпопуларните мерки од ИПАРД Програмата 2014-2020 е мерката 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ чиј повик е моментално отворен и трае до 18 ноември 2019 година и која вкупно на располагање за реализација на инвестиции има 16,6 милиони евра.

Информациите околу инфо деновите, деталите, потребните документи и јавните повици сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите (www.ipard.gov.mk), Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и тоа http://www.ipardpa.gov.mk, http://ipard.gov.mk, http://mzsv.gov.mk/, http://agencija.gov.mk/ или да се јават во сектор ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг