Во вторник ново задолжување, а ден подоцна раздолжување
Објавено во: Финансии 25 Ноември, 2016
Државата во вторник ќе позајми 113,5 милиони евра од домашните кредитори.
Ден подоцна власта треба да врати 53 милиони евра. До изборите, власта треба да врати вкупно 124,6 милиони евра, а до крајот на годината треба да врати вкупно 160,5 милиони евра. Овие доспеани долгови се само од домашните државни хартии од вредност.