Во земјата со најмногу нафта луѓе умираат од глад
Објавено во: Свет 27 Јули, 2017
Без храна останува Венецуела.
Во болниците има се повеќе деца, а нема апарати.
Струја нема. Хаос има на секој чекор додека има масовни демонстрации.
Економијата во земјата доживеа колапс.
Земјата е во политичка криза, а претседателот Николас Мадуро закажа референдум за кој критичарите велат дека ја уништува и онаа малку демократија која постои во Венецуела. Тоа ќе овозможи да се направат промени во Уставот.
До неодамна Венецуела беше најбогата земја во Јужна Америка.
Таа има бесконечни резерви на сурова нафта, за кои се сметаше дека носат пари во изобилство.
Но, Владата остана без пари, цените скокаат енормно, и никој не знае како работата ќе заврши.
Нееднаквоста расте, при што има мал број богати луѓе, а остатокот од населението е сиромашен.