Водно денес без место за паркирање
Објавено во: Македонија 01 Мај, 2024
Голем број скопјани останаа да ги посетат околните излетнички места за време на Меѓународниот ден на трудот.
Тоа доведе денеска попладне да нема место за паркинг на Водно, а полицијата требаше да го регулира метежот. Место за паркирање не можеше да се најде ниту на патот кој води кон црквата „Св.Пантелејмон“ во Горно Нерези.
Од ЈСП информираа дека жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот.