27 Април, 2024
0.0252

Вонредна седница на ЦЕФТА за мерките кои ги воведе Македонија

Објавено во: Агробизнис 09 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

По повод уредбата на Владата на Р. Македонија за ограничување на увозот на брашно и пченица од Србија, на 22 јули во Белград ќе се одржи седница на Секретаријатот на ЦЕФТА, јавува агенцијата Бета, повикувајќи се на српското министерство за трговија.

Министерот за трговија Расим Љајиќ минатата недела упати писмото до Секретаријатот на ЦЕФТА со итно барање да се одржи вонредна седница на ова тело, поради мерките кои ги воведе Македонија, со кои, како што наведуваа српските медиуми, е прекршен договорот на ЦЕФТА.

Претседавач со ЦЕФТА оваа година е Босна и Херцеговина.

Србија засега нема воведено мерки на реципроцитет против Македонија, иако српската Влада во петокот најави такво нешто, доколу во наредните десет дена не се реши проблемот со ограничувањето на увозот на брашно и пченица од Србија во Македонија.

Во тој случај, како што беше најавено, ќе се разгледа ограничувањето на увозот на македонско вино и домати.

Македонската влада донесе одлука со која за килограм увезена пченица, македонските увозници мораат да купат три килограми домашна, а за килограм брашно да купат четири килограми домашна пченица.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади