Вонредни исплати за пензионерите кои навреме не отворија сметка
Објавено во: Економија 23 Август, 2020
Сите пензионери кои не стасаа да отворат сметка во нова банка, а ја земале пензијата преку пошта ќе останат без пензија но тоа ќе имаат можност да го сторат и во други рокови - до 7, 14 или 25 септември.
Тогаш кога ќе отворат тогаш и ќе ја земат пензијата, односно нема да останат без пари и цел месец. Од Фондот за пензиски осигурување велат дека ќе има вонредни исплати во текот на цел септември, но апелираат граѓаните нова трансакциска сметка да извадат што е можно побрзо.
Околу 30.000 пензионери кои земаа пензија преку Македонска пошта отвориле сметка во друга банка, до завчера до кога и имаа рок да го сторат тоа за да ја земат следната пензија.
Останатите 20.000 кои не успеале да го сторат тоа впрочем нема навремено да ги добијат месечните приходи по овој основ.