Возач на камион починал откако излетал на влез од Скопје
Објавено во: Македонија 12 Април, 2022
Вчера попладне возач на камион починал откако излетал од патот при влез во Скопје, информира МВР.
„На 11.04.2022 во 16.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Куманово - Скопје, во близина на клучка Хиподром, товарно возило „фиат фиорино“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(31) од Скопје, излетало надвор од патот. На местото на несреќата починал Д.Ѓ., а смрт констатирала екипа од Итна медицинска помош“ се вели во полицискиот билтен.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција.