Возела велосипед, по што ја каснало куче скитник и завршила во болница
Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2022
Скопјанка на возраст од 56 години со тешки повреди e однесена во болница oткако ја нападнало куче скитник.
Вчера околу 13.45 во Полициската станица Центар е пријавено дека во Градската општа болница „8 Септември“ со тешки телесни повреди е донесена В.Д.(56) од Скопје. Според пријавеното, околу 07.50 часот, додека возела велосипед кон работното место, на подрачјето на Центар ја нападнало куче скитник, по што паднала и се здобила со повреди. Полициски службеници излегле на местото на настанот и извршиле увид.