Возило излета на автопатот Велес-Градско при што загина жена од Србија
Објавено во: Македонија 21 Јули, 2022
Србинка загина во сообраќајка на автопатот Велес-Градско, a малолетник е тешко повреден.
Во СВР Велес околу 02.45 часот е пријавена сообраќајна несреќа на патот Градско – Велес. Автомобил „Рено“ со српски регистерски таблички, управувано од Г.Ј. од Република Србија, излетал од патот. Од здобиените повреди починала сопатничката С.П.(36) од Србија, а Г.Ј и малолетен сопатник се здобиле со телесни повреди констатирани во Општата болница Велес. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.