19 Мај, 2024
0.0260

Вознемирувачко фото: 10 мртви во Санкт Петерсбург - Експлозија во метрото

Објавено во: Свет 03 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Десет луѓе се мртви по силната експлозија во метрото во Санкт Петерсбург, а има и голем број на ранети патници. Експлозијата се случила на станицата „Сенаја плошчад“ или „Технолошки институт“.

„На метро-станицата „Сенаја плошчад“ во Санкт Петербург одекна експлозија, има настрадани“, изјави соговорник на ТАСС, истакнувајќи дека станицата е многу зачадена. Се евакуираат патниците, вклучително и од тунелот.

На кадрите објавени од „Фонтанка“ се гледа дека подземниот ходник е зачаден, а луѓето ги напуштаат вагоните.

На интернет се појавија вознемирувачки фотографии од деформиран вагон и голем број повредени, а најверојатно и мртви.

Извор за РИА „Новости“ од своја страна соопшти дека три станици на петербуршкото метро се затворени – „Садоваја“, „Плоштадот на востанието“ и „Технолошкиот институт“.

Засега властите вклучувајќи го и претседателот Владимир Путин не ги откриваат причините за експлозијата, но терористички напад сеуште не е исклучен и се води голема истрага на безбедносните служби. Во московското метро сега се примените засилени мерки на безбедност.


Можеби ќе ве интересира

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела