Вознемирувачко: Сопругата го објави видеото од убивањето на Кит Ламонт Скот
Објавено во: Свет 24 Септември, 2016
По четири дена на големи протести во Шарлот, на интернет протече видео кое го снимала Ракија Скот, сопругата на Кит Ламонт Скот кој беше убиен од полицијата во неговиот автомобил. Полицијата одби да го објави своето видео во кое се инволвирани нивни полициски службеници, додека пак од видеото на сопругата се гледа како се одвивала целата драма.
Полицајците во неколку наврати велат „Спушти го пиштолот“, додека пак сопругата им посочува дека тој што туку земал лекови за третман на главата, дека не е вооружен и не е никаква закана за полицајците. Повеќе пати им кажа да не пукаат, но тие опремени со панцири не можеа повеќе да чекаат и застрелаа во автомобилот, без да се обидат да го уапсат на мирен начин.
Пред да го погледнете видеото предупредуваме дека содржината е вознемирувачка.