Вознемирувачко видео: 20 деца загинаа при бомбардирање во Сирија
Објавено во: Свет 26 Октомври, 2016
Воените авиони на Сириската армија најверојатно се виновни за нов крвав напад врз цивили. Во последното бомбардирање на Идлиб околу 20 деца загинале откако била бомбардирана школска област.
Опсерваторијата за човекови права во Сирија тврди дека нападот е извршен од владините сили бидејќи оваа област во Идлиб им дава поддршка на бунтовниците кои се борат против владеењето на Башр ал Асад.
Според неофицијални информации има вкупно 26 жртви и над 50 лица со тешки повреди. Се верува дека во нападот учествувале и руски воени авиони. Ве предупредуваме дека видеото во продолжение има вознемирувачка содржина.