(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Снимен е моментот на експлозија на бензинската пумпа близу српско - босанската граница
Објавено во: Балкан 23 Декември, 2019
Објавена е снимка од експлозијата на бензинската пумпа која се случи денеска во близина на граничниот премин Шепак, односно на граничниот премин „Трбушница“ помеѓу Србија и БиХ.
На снимката може да се види моментот на експлозијата, која зафатила неколку возила.
Државната обвинителка на Бјелина, Бојана Лазаревиќ потврдила дека едно лице загинало од возилото кое поминувало во моментот кога се случила експлозијата.
Таа изјави дека неколку лица се тешко повредени, а неколку полесно. За утре е наложена обдукција на телата на загинатите.
Оваа трагедија го потресе регионот. Очевидци раскажаа дека од силната детонација се скршиле прозорци, врати, но и покриви на куќите во близина.