19 Мај, 2024
0.1751

Врабевски однесе македонски ученици кај наследникот на Цар Борис Трети во Софија

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Контроверзниот бугарски бизнисмен Милен Врабевски, кој стои зад отворањето на клубовите ,,Иван Михајлов,, во Битола и Цар Борис Трети во Охрид, македонските ученици од Битола ги однесе во посета на неофицијалниот бугарски престолонаслендик Симеон Саксобурготски во рамки на петдневен престој на деца од Битола во Софија.

Претходно беше објавено дека престојот е со цел да се развива пријателството и добрососедството помеѓу двете држави.

„Неговото височество кралот Симеон Втори ги пречека младите од Северна Македонија и Бугарија во палатата Врана. Посетата беше дел од 5-дневниот престој на децата во Копривштица и Софија, финансиран од д-р Милен Врабевски.

Последниот крал на Бугарија им честиташе на децата и им посака секогаш да бидат обединети и пријателски настроени еден кон друг - токму како што сега ги гледа. Неговото височество Симеон Саксобурготски доби и специјален сувенир подарок од групата – слика на архитектура од градот Битола“ објави фондацијата на Врабевски.

По средбата со царот, младите ги посетија палатата, оранжериите и паркот, а на крајот од посетата положија венец на гробот на цар Борис III во име на Фондацијата Бугарска меморија.

Како што објави бугарска БТА, фондацијата Бугарска меморија, на чие чело е Врабевски започнува со кампања ,,Од двете страни на границата”. Во рамки на кампањата, фондацијата ќе го претставела својот модел за подобрување на односите помеѓу Македонија и Бугарија, односно бизнисменот ќе го финансирал петдневниот престој во Бугарија на ученици од битолското ликовно студио ,,Свети Кирил и Методиј”.

Според објавата во бугарскиот медиум, за време на посетата, битолските ученици ќе имаат разни активности, образовни лекции и многу забава.



Можеби ќе ве интересира

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела