Вработените во пошти ќе протестираат пред Владата ако не добијат плата
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2022
Доколку не добијат плата „Пошти“ во вторник ќе протестираат пред Владата.
Откако не добиле плата на 15 месецов, двете синдикални организации на Македонска пошта, втор ден по ред одржуваат предупредувачки протест за време на паузата.
Бараат да им биде исплатена септемвриската плата и да не се доцни во иднина со исплатата на платите. Тие бараат да се подобрат нивните услови за работа, државата да ги користи нивните услуги и да не ангажира приватни пошти, со цел да се зголемат нивните приходи. Претседателот на едниот Синдикат на Македонска пошта Боро Велигденов дека претпријатието со години има проблеми, а Владата нема цврст став за надминување на тие проблеми. Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија вели дека до Владата и до менаџерскиот тим уште во вторник ќе поднесат барање, на владина седница со заклучок, затоа што станува збор за АД во државна сопственост, да нареди премиерот до сите министри да ги користат услугите на „Македонски пошти“. Во претпријатието работат 2.200 вработени.