26 Април, 2024
0.0274

Време е да се стави крај на политичката пат-позиција, вели генералниот секретар на ОБСЕ Заниер по завршувањето на посетата во Скопје

Објавено во: Мои пари 09 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер изрази загриженост за последните случувања во земјата, по завршувањето на денешната посета, повикувајќи ги политичките лидери да ѝ стават крај на продолжената политичка криза во интерес на сите граѓани.

„Надминувањето на политичката пат-позиција и враќањето на политичката стабилност мора да бидат највисок приоритет. Клучот за решението лежи во рацете на политичките актери кои треба да се справат со предизвикот и да ја решат кризата за доброто на сите граѓани“ – рече Заниер. Тој забележа дека резултатите од декемвриските избори во 2016 година овозможија  солидна основа за формирање влада и го повика Собранието да започне со работа, согласно демократските принципи и владеењето на правото.

Заниер ги осуди неодамнешните провокативни пораки и инциденти кои би можеле да доведат до влошување на меѓуетничките односи и нагласи дека Охридскиот рамковен договор (ОРД) е од клучна важност за заштитата и унапредувањето на правата на заедниците.

„Ги охрабрувам сите релевантни страни на ОРД да останат посветени на неговата имплементација. ОБСЕ, нејзините институции и Мисијата во Скопје ќе продолжат да се залагаат за мултиетничко и демократско општество и да обезбедуваат помош во областите како што се владеење на правото, избори, демократско владеење и реформа на полицијата. Ги охрабруваме сите актери целосно да ја искористат оваа експертиза“ – рече Заниер.

Утврдувајќи дека е постигнат напредок преку имплементацијата на Договорот од Пржино, Заниер забележа дека враќањето на довербата во институциите е од особена важност.

На средбата со претставниците на организациите со граѓанското општество, тој ја нагласи нивната важна улога во промовирањето на демократското општество и изрази загриженост поради извештаите за притисоци.

Во текот на посетата Заниер се сретна со претседателот Ѓорге Иванов, министерот за надворешни работи Никола Попоски, лидерите на политичките партии ВМРO-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Движењето БЕСА, Алијансата за Албанците и ДПА, како и со претставниците на меѓународната заедница.

Можеби ќе ве интересира

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком