27 Април, 2024
0.0265

Време е за #КлиматскаАкција - Климата се менува, зошто не и ти?

Објавено во: Мои пари 10 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Под мотото „Климата се менува, зошто не и ти“, Програмата за развој на ОН (УНДП), Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ) ќе спроведат широка кампања за поттикнување на #КлиматскаАкција.

Времето на препознавање на промените во климата и осознавање на причините за тие промени веќе е поминато. Дојдено е времето на #КлиматскаАкција.

Повикувајќи се на резултатите од спроведената „Анкета за истражување на јавното мислење“ кои велат дека речиси половина од испитаниците не преземаат климатска акција затоа не знаат што би можеле да направат, ја креиравме оваа широка кампања. Наша главна цел е да понудиме конкретни примери и да ги инспирираме нашите сограѓани со мали промени на секојдневните навики и избори, дома, на работа, во училиштата или во општините каде што живеат и работат да придонесат кон намалување на негативните ефекти од климатските промени и кон постигнување на националните и глобалните климатски цели.

Се надеваме дека националната платформа  klimatskipromeni.mk на која можете да ги споделите своите акции, но во исто време и да прoчитате што другите преземаат ќе отвори процес на широка комуникација бидејќи прашањето на климатските промени за чие решение покрај силна политичка волја потреба е и здружена акција на сите нивоа, со вклучување на сите засегнати страни: владините институции, невладиниот сектор, бизнисот, медиумите, науката и граѓаните.

Ви повикуваме да се вклучите во промените бидејќи Климата се менува, зошто не и ти?


Можеби ќе ве интересира

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“