ВРЕМЕ ЗА ВИКЕНДОТ: Од понеделник подгответе се за дожд
Објавено во: Македонија 23 Септември, 2017
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево време со мала до умерена облачност.
Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен и западен ветер. УВ индексот ќе има вредност 6.
Утринската температура ќе се движи од еден до 10 степени, а дневната од 19 до 27 степени.
Во Скопје ќе имаме слично време со слаб до умерен северозападен ветер и температура од 5 до 24 степени.
За викендот ќе следи преодно стабилизирање со свежи утра и нешто потопло преку ден. Нови врнежи од дожд се очекуваат во понеделник кои ќе бидат повремено со умерен интензитет и повеќе застапени во западните делови. Во вторник и среда врнежите ќе бидат локализирани и со послаб интензитет.