26 Април, 2024
0.0286

Приватните медиуми бараат времен мораториум на работењето на ЗАМП и ММИ

Објавено во: Мои пари 29 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Здружението на приватните електронски медиуми бара Министерството за култура да стави привремен мораториум на работата на Здружението за заштита на музички авторски права (ЗАМП) и на новото Здружение за заштита на авторските права (ММИ), додека  да заврши  истрагата за нивното финансиско работење.

ЗПММ денеска соопшти дека вече поднело преставка до Управата за јавни приходи, Финансиската полиција и до Обвинителството да се преиспита  целосното финансиско работење, отчетноста и транспарентноста на двете здруженија.

- Иницијативата е покрената во врска со последните настани поврзани со регулирањето на авторските права во Република Македонија и реакциите на јавноста за транспарентноста на работењето, а особено на распределбата на средствата од страна на ЗАМП и ММИ,  соопштуваат од ЗПММ.

Во знак на протест од случувањата со наплатата на авторските права членките на ЗПММ минатата недела почнаа да емитуваат унифицирани радио и ТВ-пораки до гледачите и до слушателите на секоја македонска песна што се емитуваше на нивната програма. Во втората фаза од протестот на ЗПММ, во петок и сабота е предвиден прекин на програмата во траење од 5 минути. Членките на Здружението, според соопштението, се согласиле и да пристапат кон трет чекор во протестот со целосен прекин на емитување македонска музика.

Од ЗПММ истакнуваат дека треба да се стави ред во област со авторските права, а авторите и изведувачите да бидат праведно вреднувани и наградени.  Бараат нова законска регулатива во областа и нагласуваат дека не се против плаќање на авторските права.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“