Временска прогноза: Еве какво време ќе имаме денес и во следните неколку дена
Објавено во: Македонија 03 Мај, 2022
Претпладне претежно облачно, преку денот посвежо со повремен локален дожд, а попладне променливо облачно. Ова е прогнозата на УХМР за денеска. На средината на денот како што се соопштува ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен североиисточен ветер.
Нестабилно ќе биде и утре.
Сончево со умерена облачност и потопло време нѐ очекува во среда. Попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, претежно во западните делови.
Прогноза за 05.05.2022
Минимална температура: 3°C до 9°C Максимална температура: 19°C до 26°C
Прогноза за 06.05.2022
Минимална температура: 5°C до 11°C Максимална температура: 19°C до 24°C
Прогноза за 07.05.2022
Минимална температура: 6°C до 11°C Максимална температура: 17°C до 23°C