17 Мај, 2024
0.0284

Врнежите направија застој во Суводол: РЕК Битола работи со еден блок, надлежните тврдат дека системот е стабилен

Објавено во: Економија 15 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Обилните врнежи од дожд и снег во битолскиот регион негативно се одразија врз работата во рудниците на РЕК Битола, а со тоа и врз целиот Комбинат, соопшти денеска Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Поради врнежите од над 100 литри на метар квадратен и надојдената вода, бил предизвикан застој во подготовките за поместување на траките кои го пренесуваат јагленот од рудникот Суводол до Термоелектраната. Поради тоа од утрото во прекин е работата на Блок 2. Производството на електрична енергија продолжува од Блок 3, и покрај сериозните предизвици со кои се соочува Комбинатот.

„АД ЕСМ во моментов ги задоволува потребите на електроенергетскиот систем со производство на електрична енергија од РЕК Битола, РЕК Осломеј, од хидроелектраните и од ветерниот парк. Компанијата испорачува електрична енергија кон универзалниот снабдувач ЕВН Хоум согласно потребите и преземените обврски, поради што граѓаните немаат причина да стравуваат за редовното снабдување со струја. Набавка на електрична енергија во моментов нема и не се планира. АД ЕСМ и Подружница РЕК Битола во духот на транспарентноста која ја практикуваат изминатите три години, известија за сериозноста на состојбите предизвикани од елементарната непогода во Рудниците Суводол и Брод – Гнеотино во РЕК Битола минатата година. Исто како тогаш, така и сега, со сопствени, натчовечки напори на сите вработени и на менаџерскиот тим на компанијата и на Комбинатот, се работи деноноќно на нормализирање на состојбата,  велат од ЕСМ. 


Додаваат дека во услови кога Косово, делови од Србија, Романија се соочуваат со прекини во снабдувањето со електрична енергија предизвикани од временските неприлики, македонскиот електроенергетски систем е стабилен.

Ги повикуваат сите чинители, а особено политичките партии во земјава, да не создаваат страв и паника меѓу граѓаните.


„Актуелните раководства на АД ЕСМ и на РЕК Битола секојдневно решаваат проблеми што, за жал, и ден денес имаат длабоки корени во времето кога електроенергетскиот гигант беше раководен од структури кои пристапуваа несериозно и неодговорно кон електроенергетскиот систем.  АД ЕСМ, како и претходно, така и сега се справува и со последните предизвици, и го одржува електроенергетскиот систем на државата стабилен, стои во соопштението.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА