Вучиќ ќе разговара и со амбасадорката Вера Јовановска
Објавено во: Балкан 23 Август, 2017
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ утре ќе ја прими македонската амбасадорка во Белград, Вера Јовановска Типко.
Средбата ќе се одржи во 11 часот, објави Танјуг.
Македонскиот премиер, Зоран Заев и српскиот претседател Вучиќ денеска телефонски разговараа по повлекувањето на српскиот персонал од Амбасадата во Скопје.
Македонија и Србија ќе работат на зачувување и унапредување на
билатералните односи, а секое евентуално несогласување во меѓусебните
односи ќе го решаваат исклучиво со дијалог, договориле Заев и Вучиќ.
Двајцата се согласиле дека
Република Македонија и Република Србија, без оглед на сите политички
разлики за одредени важни политички регионални прашања, заеднички ќе се
борат не само за зачувување, туку и за унапредување на пријателските
односи меѓу македонскиот и српскиот народ и граѓаните на двете земји.
Деновиве има напнатост на релација Белград - Скопје. Србија обвини дека Македонија ги прислушкувала нивните дипломати.