Вучиќ доби трето дете, со сопругата не се откажаа ни по спонтаниот абортус
Објавено во: Балкан 10 Јуни, 2017
Српскиот претседател Александар Вучиќ по трет пат стана татко, овој пат на здраво машко беше кое иако е родено 15 дена пред рокот е во одлична здравствена состојба. Тој и неговата сопруга Тамара не се откажаа од намерата за трето дете иако претходниот обид заврши трагично со спонтан абортус.
- Вечерва првпат ќе морам да ги прекинам државничките обврски и тоа со насмевка на лицето, бидејќи Тамара и јас пред неколку минути добивме син, напиша Вучиќ веднаш по дознавањето на среќната вест.
Вучиќ се вратил веднаш од Казахстан, каде присуствуваше на отворањето на „Астана Експо 2017“.