ВУЧИЌ: На дневна основа околу 100.000 луѓе се изразуваат на најнавредлив можен начин кон мене
Објавено во: Балкан 21 Февруари, 2024
На дневна основа добивам околу 150 смртни закани, изјави синоќа српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вучиќ за Српската радио-телевизија потврди дека неговите деца и целото семејство добиваат околу 50 смртни закани дневно.
„На дневна основа околу 100.000 луѓе на еден или друг начин се изразуваат на најнавредлив можен начин за мене, на дневна основа имате најмалку 50.000 лаги од најголемите можни“, рече Вучиќ.
И претходно се жалеше за истите проблеми.
„Зборуваат за мене на најнавредлив начин, шират лаги, и покрај тие притисоци, а не можеш ни се да им кажеш на луѓето, затоа што политиката е таква, треба да внимаваш да не ја преминеш границата, не користи лаги, не пцујте никого, без разлика дали зборувате на руски, англиски“, вели Вучиќ.
Го навредуваа обични граѓани, но и пратеници. Во минатото имаше и лица кое беа уапсени затоа што се закануваа дека ќе го убијат српскиот претседател или ќе извршат атентат.фото принтскрин