Вучиќ прашува како да се објасни дека за Македонија нема одлука за ЕУ
Објавено во: Македонија 12 Мај, 2022
Како да се објасни дека за Македонија нема одлука, а има за некои за кои до вчера не се размислуваше, вели српскиот претседател Александар Вучиќ.
Рече дека ќе биде многу интересно за одлуките кои ќе бидат донесени во јуни. Вучиќ по синоќешната вечера на министерот за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борел, со лидерите на Западен Балкан во Брисел, изјави дека јуни ќе биде доста интересен затоа што се очекува голем самит, кој Французите ќе го организираат на 23 јуни.
фото Фејсбук