Вучиќ со писмо до српската Влада: Еден милион евра да се префрли на Хрватска за помош по земјотресите?
Објавено во: Балкан 30 Декември, 2020
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, испратил писмо до Владата на Србија во кое бара еден милион евра од слободните средства на таа земја да бидат префрлени на Владата на Хрватска како помош поради низата земјотреси што ја погодија оваа држава, дознава Курир.рс.
Вучиќ вчера изјави дека Србија е подготвена да и помогне на Хрватска, како на технички, така и на финансиски план и дека се надева дека земјотресот поминал со минимални жртви.
„Подготвени сме да пружиме секаков вид помош. Сакам Хрватска да закрепне брзо, брзо да ги обнови сите капацитети“, нагласи тој. Вучиќ рече дека ако Србија може да помогне нешто, тоа ќе го стори.
„Многу ми е жал и подготвени сме да обезбедиме секаков вид техничка и финансиска помош“, додаде тој.