26 Април, 2024
0.0275

Вучиќ за Заев: Ќе судиме по делата

Објавено во: Балкан 18 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Српскиот премиер,  Александар Вучиќ, денеска изјави дека не го интересираат внатрешните односи во Македонија, ниту дали мандатарот за состав на новата македонска влада го навредува. 

Тој вели дека  го интересира како Македонија ќе се однесува кон Србија.

„Не би сакал да зборувам што мислам за Зоран Заев. Ниту сакам ниту можам да зборувам остро, иако тоа некои можеби го сакаат. Тој ја претставува втората партија по сила во Македонија. Ќе судиме по делата“ – изјави Вучиќ.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вчера во интервју за регионалната телевизија „Н1“ изјави дека е непријатен начинот на кој Србија ги коментира случувањата во Македонија, но дека ќе се труди да има добри односи со Белград.

„Вучиќ водеше кампања и буквално на секој од своите настапи зброуваше за некакво „македонско сценарио“. За жал, мене ми беше непријатно за слушање како нашиот сосед зборува за Македонија“ - кажа Заев.

Вучиќ  додаде дека не му пречи „кога Заев го навредува“, туку дека „единствено го интересира Србија да ја остават на мира“.

„Не сакам да ги коментирам односите во Македонија. Мене не ми пречи што ме навредуваше, за мене е важно како ќе се однесувате  кон Србија. Ако сум ја критикувал Македонија, тоа сум го направил затоа што гласаше за влегување на Косово во УНЕСКО“ – рече Вучиќ.

За можноста Рамуш Харадинај, кого Србија го товари за воени злосторства, да биде новиот косовски премиер и главен преговарач во дијалогот меѓу Белград и Приштина во Брисел, Вучиќ изјави дека тоа би било понижување и за ЕУ. 

Можеби ќе ве интересира

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син